а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ротација

мн. ротации
Вид збор: Именка, женски род
1. Вртење, кружење на некое тело околу својата оска.
Англиски: rotation Албански: qarkullim
Употреба: Астрономија , Математика
Примери:
Ротација на Земјата околу својата оска.
Ротација на правоаголник.
2. Наизменично, последователно менување положба, на функција, измена, смена и сл.
Англиски: rotation Албански: qarkullim
Употреба: Административен термин
Примери:
Ќе ги фати и нив ротацијата.
Ротација на носителите на јавни функции по истекот на изборниот период.
3. Видови машини чиишто делови со своето ротирање вршат работа (во земјоделството, во печатарството).
Англиски: rotation Албански: qarkullim
Употреба: Технологија
Примери:
Ротацијата веќе го печатеше утринското издание на весникот.
4. Одделение со машини што ротираат, особено во печатарството.
Англиски: rotation Албански: qarkullim
FlexiMac
 менување на македонски глаголи