а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рони

ронат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Одделува зрна, обично на пченка, лисја, цут на дрво и сл.
Англиски: crumble Албански: shkëlmoqet
Примери:
Рони пченка.
Цутот му го ронеше.
2. Руши, троши нешто на ситни парченца, на пример, леб, брег и сл.
Англиски: crumble Албански: prish
Примери:
Им ронеше леб на пилињата.
(разг.) Рони солзи.
Тивка вода брег рони (посл.)
3. (се рони) За зрна, лисје, цут - паѓаат едно по едно.
Англиски: crumble Албански: bien
Примери:
Паѓаше пченката и се ронеше.
4. (се рони) За леб, брег - се троши, се руши.
Англиски: crumble Албански: shkërmoqet
Примери:
Лебот се рони.
Не оди, моме, крај брегот / брегот се рони, ќе паднеш (нар. поез.)
5. опаѓа, папсува
Англиски: crumble Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чувствуваше како ѝ се рони снагата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи