а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

род

мн. родови
Вид збор: Именка, машки род
1. Основна заедница на првобитното општество - група луѓе сврзани со крвно родство.
Англиски: tribe Албански: fis
Употреба: Историја
Примери:
Родот е основна клетка на првобитната заедница.
2. Ред поколенија што потекнуваат од еден предок.
Англиски: generation Албански: brez
Примери:
Македонскиот род успеал да се одржи.
3. Лица блиски по крвно родство, роднини.
Англиски: stock Албански: fis
Примери:
Зеде жена од добар род, од господски род.
Ние сме род по женска линија.
Близок род.
(разг.) Човечки род.
4. плод, рожба
Англиски: fruit Албански: frut
Примери:
И од нас род да остане.
Богат, обилен, прв род.
Даде род.
5. При научна класификација - група животни или растенија со општи признаци; група предмети, појави, поими и сл. со општи белези.
Англиски: species Албански: lloj
Примери:
Главен претставник на родот на мачките.
Сите тие проблеми се од ист род.
6. вид, сорта
Англиски: branch Албански: lloj
Примери:
Род (на) оружје.
Род (на) војска.
7. Граматичка категорија во некои јазици.
Англиски: genus Албански: gjini
Употреба: Граматика
Примери:
Машки, женски, среден род.
Изрази
(нар. поез.) Убава мома род нема / длабока вода брод нема.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи