а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

роб

мн. робови
Вид збор: Именка, машки род
1. Во робовладетелското општество - човек кој е лишен од средствата за производство и кој се јавува како полна сопственост на својот господар.
Англиски: slave Албански: rob
Употреба: Историја
Примери:
робовладетели и робови
востание на робовите
2. Човек или народ под политичка зависност.
Англиски: slave Албански: rob
Употреба: Политика
Примери:
Петстотини години бевме робје на Турците.
3. Човек кој е под власта на друг човек.
Англиски: slave Албански: rob
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста е веќе, нема цел живот да му бидам роб.
4. заробеник, пленик
Англиски: prisoner Албански: i burgosur
Употреба: Разговорно
Примери:
Четири години беше роб во Германија.
5. Човек што ја потчинил на нешто својата волја, своите постапки; човек безгранично предаден на нешто.
Англиски: slave Турски: skllav
Употреба: Преносно значење
Примери:
роб на страста
роб на своите пороци
роб на патријархалната средина
роб на својата професија
Изрази
Бели робје - жени што со откуп или со измама се одведени во харем или во јавна куќа.
Изведенки
робовски прид.
робовскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи