а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реши

решат
Вид збор: Глагол, свршен
1. По обмислување определи како да постапи.
Англиски: decide Албански: vendos
Примери:
И тие решија да го напуштат селото.
2. Донесе решение за некого или нешто.
Англиски: decide Албански: vendos
Примери:
Судот најпосле го реши нивниот спор.
Реши да го прати сина си на студии.
(разг.) Реши судбина на некого или нешто.
3. Најде неопходен одговор, разреши задача, крстозбор и сл.
Англиски: solve Албански: zgjedh
Примери:
Немаше задача од математика што тој не можеше да ја реши.
Ги реши сите загатки.
4. (само во 3. л.) - Определи исходот на нешто.
Англиски: decide Албански: vendos
Примери:
Тој потег ја реши партијата на првата табла.
Тоа ќе ја реши војната.
5. (се реши) Се одлучи, донесе некое решение; осмели се нешто да направи.
Англиски: decide Албански: vendos
Примери:
Размислив и се решив на тој чекор.
Се решив да му се доверам.
6. (се реши) Добие решение, определи се дефинитивно.
Англиски: resolve Албански: merr vendim
Примери:
Најпосле ќе се реши и мојот проблем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи