а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

решение

мн. решенија
Вид збор: Именка, среден род
1. Избран начин на постапување по обмислување.
Англиски: decision Албански: zgjidhje
Примери:
Никако не сакаше да отстапи од своето решение.
Донесуваше брзи решенија.
Кои се решенијата за Македонија?
2. писмена одлука
Англиски: decision Албански: vendim
Употреба: Административен термин
Примери:
Чекаше да добие судско решение.
Решенијата на конференцијата, конгресот.
3. Одговор на задача, крстословка и сл.
Англиски: solution Албански: zgjidhje
Примери:
Има равенки и со две решенија.
Најпосле успеа да го најде точното решение.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи