а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реч

(едн.) речта
Вид збор: Именка, женски род
1. Способност за зборување.
Англиски: speech Албански: fjalim
Примери:
Тука не беше се слушнала човечка реч.
Му се растрои речта.
2. Јазикот како средство за општење.
Англиски: language Албански: gjuhë
Примери:
Од таа сцена можеше да се чуе и македонска реч.
3. Особена употреба на јазикот.
Англиски: style Албански: stil
Примери:
Во усната реч.
Уметничка реч.
4. Истап на говорник пред слушатели.
Англиски: speech Албански: fjalim
Примери:
Во неговата позната реч пред народното собрание.
Беше забележана неговата реч.
5. збор
Англиски: word Албански: fjalë
Употреба: Разговорно
Примери:
Со една реч, сѐ што сакаше мажот.
(нар. поез.) Речи, лудо, речи, младо / од реч ништо нема.
Изрази
(посл.) Слатката реч и железна врата отвора.
Тука речта му се слуша - се почитува, се цени неговото мислење.
Даде реч - вети.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи