а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рече

речат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Каже нешто.
Англиски: say Албански: tha
Примери:
Си помисли малку и рече: „Не е така!“
Како што рече побратимот.
Што реков, реков.
2. Каже нешто како одговор.
Англиски: reply Албански: përgjigje
Примери:
Дома се сите - рече стариот.
3. Соопшти нешто нарачано, заповедано.
Англиски: order Албански: urdhër
Примери:
Професорот рече да се вратите веднаш.
4. помисли, му се стори
Англиски: think Албански: kujtoj
Примери:
Кога ќе го видиш, ќе речеш татко му стои пред тебе.
Ќе рече човек дека не е токму.
5. реши, се накани
Англиски: decide Албански: vendos
Употреба: Разговорно
Примери:
Поминав ваму, па реков да ве видам.
6. Е на мислење.
Англиски: think Албански: mendon
Примери:
За нас е важно да знаеме што ќе рече тој.
7. значи
Англиски: mean Албански: do të thotë
Примери:
Што ќе рече оваа негова посета?
8. Во состав со да, нека - претпостави, дозволи.
Англиски: suppose Албански: supozoj
Примери:
Да речеме дека е тоа така.
9. Изведе некое движење; изврши нешто.
Англиски: do Албански: bëj
Употреба: Разговорно
Примери:
Речи вака со ногата.
Така рече бајачката.
Откако си ја рекла молитвата, легнала да спие.
10. Во состав со друг глагол - го означува почетокот на дејството изразено во него.
Англиски: start Албански: don të thotë
Примери:
Забучи, и кога рече паѓам.
Изрази
Ако реков, не пресеков.
Ако е речено.
Ако рекол Господ.
Кажи-речи - тукуречи.
Не било речено.
Не речи двапати.
Речено-сторено.
(ирон.) Сакам кажам, не знам речам.
Ти реков, ми рече.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи