а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рецепција

мн. рецепции
Вид збор: Именка, женски род
1. Примање, прифаќање гости, пациенти и сл.
Англиски: reception Албански: recepcion
Примери:
Ви благодариме за срдечната рецепција.
2. Посебен простор во кој се врши пријавување и одјавување гости.
Англиски: reception Албански: recepcion
Употреба: Туризам
Примери:
Јавете се веднаш во рецепцијата.
3. примање, преземање, усвојување (поими, културни вредности, сфаќање, разбирање на нешто).
Англиски: reception
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Рецепција на неговите уметнички погледи.
Изведенки
рецепциски прид.
рецепцискиот
Пример: рецепциски пулт
FlexiMac
 менување на македонски глаголи