а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рецепт

мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
1. Писмен пропис на лекар за аптека заради подготвување и издавање на лекови.
Англиски: prescription Албански: reçetë
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарот го прегледа и му напиша рецепт.
Според рецептот.
Овие лекови се даваат само на рецепт.
2. Упатство за начинот на приготвувањето на нешто.
Англиски: recipe Албански: reçetë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Рецепти за слатки.
Дај ми го рецептот за руска салата.
3. Раководство, совет како да се дејствува, постапува во одделен случај.
Англиски: instruction Албански: instruksion, udhëzim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секогаш се придржуваше до рецептот на татка си: рано легнувај, рано станувај.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи