а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рефлектира

рефлектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. За светлина, звук - одбива, одразува.
Англиски: reflect Албански: reflekton
2. Промислува, душевно разгледува.
Англиски: reflect Албански: reflekton
Употреба: Преносно значење
3. Смета на нешто, сака нешто да постигне.
Англиски: intend Албански: reflekton, ka dëshirë
4. (се рефлектира) За светлина - се одбива од нешто.
Англиски: reflect
Примери:
Во огледалото се рефлектира светлината од ходникот.
5. (се рефлектира) Се одрази, се одразува, дојде, доаѓа до израз.
Англиски: reflect
Примери:
Тешкиот живот се рефлектира врз неговите дела.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи