а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

релаксира

(се) релаксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Се опушти, опушта; олабави, олабавува; ослободи, ослободува од тензии; разоноди, разонодува; закрепне, закрепнува психички и физички.
Англиски: relax
Примери:
Спортот многу ме релаксира.
Новата програма релаксира и смирува.
2. Направи нешто да биде неформално и опуштено.
Англиски: relax
Примери:
Нејзиното присуство и однесувањето ги релаксира присутните.
3. Ослободи или прости дел од казна.
Англиски: relax
Употреба: Правда
4. (се релаксира) Се опушти, се одмори, се разоноди.
Англиски: relax
Примери:
Тие се релаксираа со музика.
Тој се релаксираше со спортски активности.
Изведенки
релаксирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи