а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рее

реат; реј, рејте; реев, рееја; реел; реен; реејќи; реав, реаја; реал; реан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 19689
1. За поглед - лута, занесено гледа.
Англиски: rove Албански: bredh, gjarpëron
Употреба: Поетски збор
Примери:
Седејќи на креветот рееше со поглед по темнината.
2. Полека разнесува, шири нешто (студ, светлина, миризба).
Англиски: spread
Употреба: Поетски збор
Примери:
Ветрот рееше есенско студенило.
Во собата рееше како на пцовисан добиток.
3. (се рее) За птици, облаци - лебди.
Англиски: float Албански: qëndron në ajr
Примери:
Облак од тутунов чад се рееше над нивните глави.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК