а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ред

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
1. Целокупност од предмети, лица расположени во една линија; во театар, кино, стадион - места за седење расположени во една линија; писмени знаци, букви во права линија.
Англиски: row Албански: radhë
Примери:
Убаво се гледаа два реда нови куќи.
Седеше во петтиот ред десно.
Само уште неколку реда да напишам (прочитам).
2. ивица, пласт, кора
Англиски: layer Албански: shtresë
Примери:
Еден ред компир, еден ред месо.
3. (само едн.) На определен начин, еден по друг.
Англиски: order Албански: rend
Примери:
Ги покани сите по ред.
Четири години со ред.
По азбучен ред.
Без ред.
Ред по ред.
(прен.) Дневен ред, на дневниот ред.
4. (само едн.) Време за извршување на нешто што се прави од повеќемина; време, удобен случај за нешто.
Англиски: turn Албански: radhë
Примери:
Си почекав дури ми дојде редот.
Сега е твој редот.
Ќе дојде ли ред и јас да се срадувам?
Ред е најпосле да фати да учи.
(прен.) Чини ред некому.
5. (само едн.) Некое, обично значително количество од нешто, редица.
Англиски: plenty Албански: sër
Примери:
Ред прашања.
Изнесе пред судот ред причини.
6. (само едн.) Определен начин за извршување на нешто.
Англиски: custom Албански: rend
Примери:
Домашен ред.
И го научи редот.
Како што му е редот.
7. Правила, норми што важат во извесни случаи.
Англиски: rule Албански: rregull, rend
Примери:
Општествен ред.
Црковен ред.
8. (само едн.) редовност, исправност
Англиски: order Албански: rregull
Примери:
Да видам дали е сè во ред.
Стави, воведе ред.
(прен.) в ред
Се кладоа в ред.
9. значење, важност, класификација, група
Англиски: class Албански: rradhë, klasë
Примери:
орден на трудот од прв ред
доаѓа во прв ред
спаѓа во редот на незаменливите
(прен.) во прв ред
10. Целокупност од лица обединети со некакви односи со некаква организација, состав, средина.
Англиски: line Албански: rradhë
Примери:
Во редовите на армијата.
Во редовите на партијата, на работничката класа.
(прен.) Во првите редови.
Сплоти редови.
11. (само едн.) Систем на управа, строј, режим.
Англиски: order Албански: rend, rregull
Примери:
Се бореше чесно за подруг ред.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи