а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реди

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Поставува лица или предмети во определен ред, подредува.
Англиски: order Албански: porosis
Примери:
Зеде да ги реди книгите.
Реди дрва.
2. Става в ред нешто растурено, уредува.
Англиски: arrange Албански: rregulloj
Примери:
Подобро да остане, да си ја реди куќата.
3. Изговара, изредува едно по друго.
Англиски: speak Албански: shqiptoj
Примери:
Фати да ги реди маките свои.
Дури ја редела молитвата.
4. токми, гласи
Англиски: adorn Албански: saktësisht
Примери:
Ја редат како невеста.
5. Прави нешто да се развива по определен начин.
Англиски: settle Албански: vendos
Примери:
И тој фати да го реди животецот.
Луѓето си ги редат работите.
6. Плаче над умрен.
Англиски: mourn Албански: mbaj zi
Примери:
Кога ќе почне таа да го реди, не можеш да не заплачеш.
7. поучува, наредува, заповеда
Англиски: command Албански: urdhëroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Сакаше само тој да реди во куќата.
8. (се реди) Се става в ред.
Англиски: arrange Албански: rradhitet
Примери:
Ајде, редете се ваму.
9. (се реди) Се изредува, следува еден по друг.
Англиски: arrange Албански: radhitet
Примери:
Се редат куќи, ту мали ту големи.
10. (се реди) се токми, се гласи, се дотерува
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Се редеше за директор.
Само се кити, само се реди.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи