а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

редефинира

редефинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Дефинира повторно, одново, преформулира дадена дефиниција.
Англиски: redefine
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се редефинира односот на народот кон религијата.
Ги редефинираа основните поими.
2. Поизмени, поизменува нешто во однос на смислата, даде подруга смисла.
Примери:
Таа ја редефинираше целата своја теорија.
3. Повторно среди, средува, прераспореди, прераспоредува определен простор или дел од него.
Примери:
Архитектите го редефинираа просторот.
Декоратерите ја редефинираа спалната соба.
Изведенки
редефинирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи