а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

редакција

мн. редакции
Вид збор: Именка, женски род
1. (само едн.) Обработка, приготвување текст за печат.
Англиски: editing Албански: redaktim
Примери:
Треба веќе да почнеш со редакцијата на статијата.
2. (само едн.) Раководство на издание на книга, списание и сл.
Англиски: editor in chief Албански: udhëheqje
Примери:
Книгата ќе излезе под негова редакција.
3. Оваа или онаа формулировка на писмено излагање.
Англиски: formulation Албански: formulim
Примери:
Нова редакција на заклучоците.
4. Варијанта на некое уметничко дело или на негов дел.
Англиски: version Албански: version
Примери:
Излезе нова редакција на расказот.
5. Колектив од редактори.
Англиски: editorial staff Албански: stafi editorial
Примери:
Редакцијата на весникот смета дека тоа не може да се печати.
6. Простории во кои се редактира некое издание.
Англиски: editorial office Албански: redaksi
Примери:
Редакцијата на весникот се наоѓа на вториот кат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи