а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

регистрација

мн. регистрации
Вид збор: Именка, женски род
1. Запишување податоци во регистар.
Англиски: registration Албански: regjistrim
Употреба: Административен термин
Примери:
регистрација на вработените
2. Запишување факти или појави заради статистика.
Англиски: registration Албански: regjistrim
Употреба: Административен термин
Примери:
регистрација на фактите
3. Венчање пред граѓанските власти.
Англиски: marriage Албански: regjistrim martese
Употреба: Општество
Примери:
Ве каниме на регистрацијата на нашиот син.
4. Технички преглед и запишување на превозно средство (возило, авион, брод) во регистар.
Примери:
Автомобилот треба да се носи на регистрација.
5. Бројот на табличките на возилото или на превозното средство.
Англиски: license plate
Употреба: Административен термин
Примери:
Возило со регистрација SK 4371 MK.
6. Документ со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство.
Англиски: license
Употреба: Административен термин
Примери:
Тој ја покажа регистрацијата на полицаецот.
Изведенки
регистрациски прид.
регистрацискиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи