а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реве

реват
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За некои животни - издава силен рев.
Англиски: bellow Албански: britmë
Примери:
Се слушаше како реват магарињата.
2. Громко пее; вика, креска силно.
Англиски: scream Албански: bërtas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пеј убаво, немој да ревеш.
Доста ревевте вие таму.
3. Плаче многу силно, лелека.
Англиски: weep Албански: qaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата реват, мајките коси кубат.
4. (само во 3. л.) - Издава силен шум.
Англиски: roar Албански: uluron
Примери:
Реват потоците.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи