а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расчисти

расчистат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Очисти, ослободи површина од нешто што пречи.
Англиски: tidy up Албански: spastroj
Примери:
Зедоа метли и го расчистија дворот.
Брзо ќе ги расчистат урнатините.
2. За облаци, магла - отстрани, очисти.
Англиски: clear Албански: spastroj, kthjelloj
Примери:
Само ветер да дувне, веднаш ќе ги расчисти облаците.
3. Направи слободен.
Англиски: free Албански: çliroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си го расчисти патот.
4. За поими, сметки, прашања - разбистри.
Англиски: clear Албански: qartësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние самите ќе го расчистиме тоа прашање.
(разг.) Расчисти сметки со некого.
5. се одмазди
Англиски: revenge Албански: merr hak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе ти се расчистам за тоа што ми го направи.
6. Плати долгови.
Англиски: revenge Албански: shpaguaj
Употреба: Економија
Примери:
Конечно ја расчистивме сметката за долгот.
7. (се расчисти) Стане чист, бистар.
Англиски: clear Албански: shpaguaj
Примери:
Времето се расчисти.
8. (се расчисти) Почне да чисти.
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Многу сте се расчистиле за празников.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи