а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растури

растурат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Внесе неред, расипе ред.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Примери:
Децата ги растурија креветите.
Го растурија грозјето.
2. собори, урне, разруши
Англиски: demolish Албански: shemb
Примери:
Бараките веднаш ќе ги растурат.
3. За дом, семејство - уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Примери:
Нејќе куќата да му ја растури.
4. Распушти организација.
Англиски: dissolve Албански: çfrenoj
Примери:
Растури собир, војска.
5. распрати, распрсне, рашири, разгласи
Англиски: distribute Албански: shpërndaj
Примери:
Растури лажни вести.
Ги растурија книгите.
6. распушти
Англиски: dishevel Албански: shpërndaj
Примери:
Ѝ растури коса по рамена.
7. (се растури) За дом, семејство - се уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Примери:
Куќата ќе ми се растури.
8. (се растури) се распушти, се разотиде
Англиски: disband Албански: shpërndaj
Примери:
Четата се растури.
9. (се растури) се распрсне, се рашири, се разгласи
Англиски: disperse Албански: shpërndaj
Примери:
Се растурија разни гласови.
Изрази
(посл.) Да растуриш е лесно, а да направиш е мачно.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи