а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растроши

растрошат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки.
Англиски: crumble
Примери:
Го растроши лебот и го попари со млеко.
Растроши едно парче леб и им го даде на врапчињата.
2. Потроши многу пари и сл. без мерка, потроши сѐ или речиси сѐ.
Англиски: spend
Примери:
Тој го растроши наследството по два месеца.
Ја растроши платата за три дена.
3. (се растроши) Се истроши, се потроши до последно.
Англиски: spend
Примери:
Парите се растрошија и таа се растроши.
Изведенки
1. растрошува несв.
(се) растрошуваат
2. растрошување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи