а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растрои

растројат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Наруши строј, поредок на нешто.
Англиски: disorder Албански: shqetësoj
Примери:
Тоа придонесе да може лесно да ги растрои нивните редови.
2. Наруши нормален ред, од на нешто.
Англиски: disrupt Албански: përçan
Примери:
Му ги растрои плановите.
3. Приведе во ненормална, болна состојба.
Англиски: sicken Албански: neveris
Употреба: Медицина
Примери:
Тоа уште повеќе ѝ го растрои здравјето.
4. Наруши определен тон на музички инструмент.
Англиски: detune Албански: prish
Употреба: Музика и танц
Примери:
Детето го растрои пијаното.
5. (се растрои) Се наруши ред на нешто.
Англиски: disturb Албански: prish
Примери:
Колоната од автомобили се растрои пред градот.
6. (се растрои) Се наруши од на нешто.
Англиски: disrupt Албански: përçaj
Примери:
Му се растроија работите.
7. (се растрои) Дојде во ненормална, болна состојба.
Англиски: sicken Албански: sëmurë
Примери:
Нервите сосем ми се растроија.
8. (се растрои) Загуби определен тон - за музички инструмент.
Англиски: detune Албански: prish
Употреба: Музика и танц
Примери:
Се растрои и виолината.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи