а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

распушти

распуштат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пушти на одмор.
Англиски: dissolve Албански: liroj
Примери:
Денеска ќе ги распуштат училиштата.
Собранието го распуштија до почетокот на септември.
2. Дозволи да се разотидат; ослободи од служба.
Англиски: dismiss Албански: shkarkoj
Примери:
Ќе ги распуштат работниците.
3. отпушти, разлабави
Англиски: relax Албански: çlodhem
Примери:
Распуштила снага Румелија.
4. Ослаби контролата над некого, направи некој да стане своеволен, недисциплиниран.
Англиски: spoil Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Баба му го галеше многу, та го распушти.
5. (се распушти) се разотиде
Англиски: disband Албански: shkrihet
Примери:
Брзо се распушти соборот.
6. (се распушти) се растегне, се разлабави
Англиски: stretch Албански: zgjas
Примери:
Ми се распушти фанелата.
7. (се распушти) Стане неуреден.
Албански: çregullt
Примери:
Знаејќи болниот оти ќе умира, се распуштил да јаде и да пие.
8. (се распушти) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен.
Англиски: spoil Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу ти се распуштиле децата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи