а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

распука

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да пукне.
Англиски: split Албански: përçaj
Примери:
Овде земјава распукала.
2. (се распука) се расцепи, се распрсне, се распадне
Англиски: shatter Албански: thyej
Примери:
Земјата се тресеше и карпите се распукаа.
3. (се распука) За срце, душа - раскине.
Англиски: break Албански: ndal
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од жал срцето ѝ се распука.
4. (се распука) Почне многу да пука.
Англиски: shoot Албански: godas
Примери:
Кон полноќ баталјонот пак се распука.
5. (се распука) се разлути
Англиски: anger Албански: hidhërim
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
За ништо се распука.
6. (се распука) распупи
Англиски: bud Албански: gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Овошките се распукаа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи