а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расправи

расправат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со зборови, усно изложи, раскаже.
Англиски: explain Албански: rrëfej, shpjegoj
Примери:
И детето му расправи збор по збор.
Да ви го расправам случајот.
2. Уреди нешто што се замрсило - коса и сл.
Англиски: untie Албански: rregulloj, zgjidh
Примери:
Чекајте да си ја расправам косата.
3. Претресе некое прашање.
Англиски: discuss Албански: diskutoj, sqaroj
Примери:
Го расправивме најпосле тој проблем.
4. За време - расчисти.
Англиски: clear Албански: kthjelloj, çel
Примери:
Ветерот ќе го расправи времето.
Дворот да го расправи.
5. За пат - раскопачи, отвори.
Англиски: clear Албански: hap, çel
Примери:
Му го расправи патот татко му.
6. (се расправи) Влезе во расправија; се пресмета.
Англиски: settle Албански: grindem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сами, пријателски си се расправивме.
Ќе се расправиме некогаш убаво јас и ти.
7. (се расправи) За време - се расчисти.
Англиски: clear Албански: kthjelloj
Примери:
Да тргнеме попладне и времето ќе се расправи дотогаш.
Се расправи најпосле и твојот проблем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи