а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расположи

расположат
Вид збор: Глагол, свршен
1. размести, распореди
Англиски: locate Албански: shpërngul
Примери:
Ги расположи во дворот.
2. Предизвика кај некого симпатија, благонаклоност кон некого, привлече на своја страна.
Англиски: incline Албански: anoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Правеше сѐ да ги расположи факторите, та да го изберат него.
3. Предизвика кај некого добро настроение.
Англиски: amuse Албански: zbavit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Музиката ќе ве расположи.
4. Заземе згодно место, се намести.
Англиски: locate Албански: përcakton
Примери:
Се расположивме на ливадата.
5. (се расположи) Дојде во добро настроение.
Англиски: amuse Албански: zbavitem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се расположи стариот и фати да пее.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи