а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расплете

расплетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Растури нешто плетено.
Англиски: dissolve Албански: tretet
Примери:
Ги расплете чорапите.
(нар. поез.) Да расплетеш коси до појаси.
2. Размрси нешто заплетено.
Англиски: disentangle Албански: shkoklavis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Најпосле и тој случај го расплете.
3. (се расплете) За нешто плетено - се растури.
Англиски: dissolve Албански: shpartalloj
Примери:
Се расплеле змиите и јурнале по детето.
4. (се расплете) се размрси
Англиски: clear up Албански: pastroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Брзо ќе се расплете ситуацијата.
5. (се расплете) Почне многу да плете.
Англиски: knit Албански: thur
Примери:
Ама се расплела женава.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи