а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расклати

расклатат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да се клати.
Англиски: wobble Албански: lëkund
Примери:
Ми го расклати столот.
Му ги расклати сите заби.
2. Ослаби, расколеба; за здравје - растрои.
Англиски: shake Албански: dobësoj, prish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ни го расклати уверението.
Војната му го расклати здравјето.
3. (се расклати) Почне да се клати.
Англиски: wobble Албански: lëkund, luhat
Примери:
Се расклатија веќе и вратите.
4. (се расклати) Ослаби, попушти; за здравје - се растрои.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се расклати дисциплината.
И нему му се расклатија нервите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи