а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расипе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
1. собори, разруши
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Примери:
Многу брзо ја расипаа куќата.
2. Доведе во неисправна состојба.
Англиски: damage Албански: dëmtoj
Примери:
Уште првиот ден ја расипаа машината.
3. Направи непријатен, наруши, влоши.
Англиски: disturb Албански: trazoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не сака да си ги расипе односите.
Ми го расипа настроението, му ја расипа волјата.
4. растури, осуети
Англиски: disturb Албански: derdh, pengoj
Примери:
Тој ни го расипа друштвото.
Ако дојде, ќе го расипе состанокот.
5. Изврши лошо влијание врз некого.
Англиски: spoil Албански: dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го расипа детето.
6. За време - направи да стане лошо.
Англиски: worsen Албански: keqësohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Не дотерувај се, ќе го расипеш времето.
7. За пари - разбие, размени.
Англиски: exchange Албански: shkëmbim
Примери:
Ја расипав и последната илјадарка.
8. (се расипе) Дојде во неисправна состојба.
Англиски: damage Албански: dëmtoj
Примери:
Многу се расипаа патиштава.
9. (се расипе) Пропадне морално, стане лош, невоспитан.
Англиски: spoil Албански: dëmtoj
Примери:
И неговите деца се расипаа.
10. (се расипе) За време - стане лошо.
Англиски: worsen Албански: dëmtoj
Примери:
Се расипа денеска времево.
11. За материјални вредности - уништи, запусти.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го расипа имотот.
12. Сосипе, уништи некого физички или морално.
Англиски: incapacitate Албански: shkatërroj
Примери:
Ме расипа дуќанот.
13. (се расипе) Стане неупотребливо.
Англиски: spoil Албански: dëmtoj
Примери:
Внимавај, ќе се расипе млекото.
14. (се расипе) се уништи, се сосипе
Албански: shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се расипа од трчање.
(разг.) Расипе се од ум.
15. Исипе нешто, сипе на многу места.
Англиски: spill, scatter Албански: derdhë
Примери:
Девојчето ќе ја расипе водата.
16. (се расипе) Се разлее, се исипе на разни страни, се истури.
Англиски: spill, scatter
Примери:
Виното се расипа од чашата и ја намокри масата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи