а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расече

расечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разреже на делови со остро орудие.
Англиски: cut through Албански: pres
Примери:
Го расекоа јагнето.
Извадил нож и ги расекол сиџимите.
2. Мине со остро орудие по површината на нешто.
Англиски: cut Албански: pres
Примери:
Си го расече лицето.
Ја расече со раце водата.
3. раздвои, раздели
Англиски: separate
Употреба: Преносно значење
Примери:
Молскавиците го расекоа небото.
4. (се расече) се исече
Англиски: cut Албански: pritem
Примери:
Се расеков на неколку места.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи