а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рамнотежа

мн. рамнотежи
Вид збор: Именка, женски род
1. Во физиката - состојба во која спротивно насочените сили врз едно тело се изедначени.
Англиски: equlibrium Албански: drejtëpeshim
Примери:
Рамнотежа меѓу побарувачката и потрошувачката.
2. Положба кога нешто без опора се задржува да не падне.
Англиски: balance Албански: balansim
Примери:
Со рацете држеше рамнотежа.
Ја загубив рамнотежата и паднав.
нарушена рамнотежа
3. Здрав сооднос меѓу нешто, израмнување едно нешто со друго.
Англиски: balance Албански: balansim
Примери:
Тој држеше рамнотежа во управата.
4. покој, спокојство
Англиски: balance Албански: qetësi, terezi
Примери:
Го исфрли од рамнотежа.
нарушена душевна рамнотежа
Изрази
Исфрли (извади) од рамнотежа (некого) - направи некој да изгуби контрола над себе, крајно да се изнервира.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи