а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рало

мн. рала
Вид збор: Именка, среден род
1. Дрвено земјоделско орудие за орање.
Англиски: plow Албански: parmendë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Да си го поправи ралото!
2. Мерка за земја - површина што може да се изора за еден ден со едно рало волови.
Англиски: measure Албански: masë, matje
Примери:
Имаше само пет рала земја.
3. Обично за обувало и облека - чифт.
Англиски: pair Албански: çift, palë
Примери:
Едно рало чевли.
Рало обетки.
Две рала сватови.
4. Ѕвездите од соѕвездието Орион.
Англиски: Orion Албански: yjet e yjorit Orion
Употреба: Астрономија
Изрази
Деветмина браќа со едно рало гаќи - голема сиромаштија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи