а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рак

мн. раци
Вид збор: Именка, машки род
1. морски рак
Латински: Cancer pagurus Англиски: crab Албански: gaforre
Употреба: Зоологија
2. речен рак
Латински: Astacus fluviatilis Англиски: crayfish Албански: gaforre
Употреба: Зоологија
Примери:
Фаќа ракови.
3. лошокачествен тумор
Латински: Cancer Carcinomum Англиски: cancer Албански: kancer
Употреба: Медицина
4. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 22 јуни до 22 јули.
Англиски: Cancer
Употреба: Астрономија
Изрази
(разг.) Му тргна (работата) како на ракот - оди наназад, не напредува.
Ниту риба ниту рак - нешто неопределено.
Црвен како рак.
Рак-рана - жива рана, тешка рана што не зарастува.
Рак-рана - многу тежок проблем, нешто што не може да се исправи, да се среди.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи