а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разјасни

разјаснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане јасно, поимливо, разбирливо, осветли, објасни.
Англиски: explain Албански: sqaroj, spjegoj
Примери:
Не можеше ни сам да си разјасни како стана тоа.
Го разјасни прашањето.
2. За небо, време - направи да стане јасен.
Англиски: clear up Албански: kthjellohet
Примери:
Само ветре да се јави, брзо ќе го разјасни небото.
3. (се разјасни) За небо, време - стане јасен, бистар, ведар.
Англиски: clear up Албански: kthjellohet
Примери:
Се разјасни небото.
4. (се разјасни) Стане јасен, се разбистри.
Англиски: explain Албански: qartësohet
Примери:
Дури тогаш малку се разјасни состојбата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи