а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разјаде

разјадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За црвје, бацили - нагризе, надупчи.
Англиски: eat holes Албански: han vrima
Примери:
Црвје ги разјаде вратите.
2. Со хемиски процес - разруши, повреди.
Англиски: corrode Албански: brej
Примери:
Рѓата ќе го разјаде и железото.
3. Погубно подејствува врз нешто, постепено уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatëroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Несогласиците ги разјадоа силите на отпорот.
4. Направи некој да почне да јаде
Албански: filloj të ushqehet
Употреба: Ретко
Примери:
Ако седнеш со него, ќе те разјаде.
5. (се разјаде) Почне да јаде лакомо.
Англиски: eat Албански: ushqehet
FlexiMac
 менување на македонски глаголи