а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разреши

разрешат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со обмислување реши, најде правилен одговор.
Англиски: resolve Албански: zgjidh, vendos
Примери:
Одвај успеавме да го разрешиме проблемот.
2. Ослободи некого од нешто.
Англиски: release Албански: shkarkoj
Примери:
Ме разрешија од должноста.
Го разрешив од обврските.
3. (се разреши) Добие решение, се реши.
Англиски: resolve Албански: zgjidh
Примери:
Најпосле се разреши и ова прашање.
Се разреши загатката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи