а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разнесе

разнесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Носејќи достави на мнозина, во разни места, раздаде нешто на присутните.
Англиски: distribute Албански: shpërndaj
Примери:
Овој пат брзо ги разнесоа писмата.
Разнесете на сите маси по еден букет.
2. развее, расее
Англиски: disperse Албански: përhap
Примери:
Облаците ги снема, ги разнесе ветрот.
3. распространи, рашири
Англиски: spread Албански: përhap
Употреба: Разговорно
Примери:
Болеста брзо се разнесе.
4. соопшти, разгласи
Англиски: disseminate Албански: përhap
Употреба: Разговорно
Примери:
Брзо ја разнесоа веста низ градот.
5. разграба, разземе
Англиски: tear away Албански: këput
Примери:
Сè ми разнесоа соседите.
6. Разбие, раздроби на делови.
Англиски: smash Албански: thyej
Примери:
Граната му ги разнесе нозете.
Бомбата ја разнесе банката.
7. (се разнесе) За слух, вест - се рашири, се распространи.
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Неверојатно е колку брзо се разнесе веста.
8. (се разнесе) За звук - прозвучи; се разлее, се слушне надалеку.
Англиски: resound Албански: kumboj
Примери:
Се разнесе екот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи