а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разнебити

разнебитат
Вид збор: Глагол, свршен
1. разбие, уништи, сосипе
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Примери:
Доста скокавте, ми го разнебитивте мебелот.
2. растрои, сосипе
Англиски: disturb Албански: shqetësoj, trazoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го разнебити татка си.
3. (се разнебити) се разбие, се уништи, се сосипе
Англиски: destroy Албански: prishet, dëmtohet
Примери:
Креветиве веќе се разнебитија.
4. (се разнебити) се растрои, се сосипе
Англиски: disturb Албански: shkatërrohem, këputem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се разнебитив од многу работа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи