а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

размрси

размрсат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разврзе, расплете, размота нешто замрсено.
Англиски: disentangle Албански: zgjidh
Примери:
Не можеше косата да си ја размрси.
2. Направи нешто да стане јасно; разбирливо, поимливо.
Англиски: clear up Албански: zgjidh, qartësoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе ги размрсат сите планови на пропагандите.
3. (се размрси) За нешто замрсено - се разврзе, се расплете.
Англиски: disentangle Албански: zgjidhet
Примери:
Гривата му се размрси.
4. Стане јасно, поимливо, разбирливо.
Англиски: clear up Албански: sqarohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Најпосле се размрси неговиот случај.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи