а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

размер

мн. размери
Вид збор: Именка, машки род
1. Големина на нешто определена со некаква единица за мерење.
Англиски: proportion Албански: proporcion
Примери:
Размерот на игралиштето не им одговара на прописите.
2. Степен на развојот, големина на некоја појава, настан и сл.
Англиски: dimension Албански: dimension
Примери:
Какви размери зеде востанието?
Опасни размери, стравотни размери, широки размери.
3. Број на слогови или стапки во стихот.
Латински: metrum Англиски: measure Албански: njësi për matje të vargjeve
Употреба: Литература
Примери:
Размерот на стихот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи