а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разлути

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто многу луто (со лут вкус).
Англиски: make spicy Албански: hidhëroj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Многу си го разлутила јадењево.
2. За рана, болест – влоши.
Англиски: worsen Албански: keqëson
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Тој лек ми ја разлути раната.
3. разгневи, расрди
Англиски: anger Албански: zemëroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ако го разлутите, тешко вам.
4. (се разлути) Стане лут, се разгневи, се расрди.
Англиски: get angry Албански: hidhëroj
Примери:
Многу е лош кога ќе се разлути.
5. (се разлути) За рана, болест – влоши се.
Англиски: worsen Албански: keqëson
Употреба: Медицина
Примери:
Многу ми се разлути повредата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи