а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

раздразни

раздразнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предизвика раздразнетост.
Англиски: annoy Албански: ngacmoj
Примери:
Ако го раздразниш - чувај се.
2. Воздејствува со нешто да се раздразни организмот или некој негов орган.
Англиски: irritate Албански: iritoj, ngacmoj
Примери:
Ми ги раздразни нервите.
3. (се раздразни) Падне во раздразнета состојба.
Англиски: anger Албански: hidhëroj, zemrohem
Примери:
Се раздразни и им се нафрли на војниците.
4. (се раздразни) се воспали, се возбуди
Англиски: arouse Албански: shqetësohem, kallem
Примери:
Се раздразни од шегите со љубениот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи