а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разголи

разголат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Симне облека од некој дел на телото.
Англиски: uncover Албански: çvesh
Примери:
Ги разголи своите бели гради.
Го разголила грбот.
2. Облече лесно.
Англиски: strip Албански: zhvesh
Примери:
Многу рано си ги разголила децава.
3. Раскрие, открие, покаже во вистинскиот вид.
Англиски: expose Албански: vë në dukje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тогаш тој ја разголи докрај нивната беда.
4. (се разголи) Стане гол - за некој дел на телото.
Англиски: strip Албански: lakuriq
Примери:
Се разголивме до половина.
5. (се разголи) Се облече лесно.
Англиски: uncover Албански: zhvesh
Примери:
Денот беше убав, та малку се разголив.
6. (се разголи) Се открие, се покаже во вистинскиот вид.
Англиски: expose Албански: vë në dukje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се разголив со тоа пред нив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи