а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разгашти

разгаштат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пушти некого да оди со свлечена, непритегната облека.
Албански: ec i çveshur
Примери:
Сте ги разгаштиле децава, види ги какви се.
2. Остави некого без стега, направи распуштен, недисциплиниран.
Англиски: spoil Албански: prish, shpërbër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кој ви го разгаштил олку синов, та ништо не работи.
3. (се разгашти) Распушти облека.
Албански: çfrenoj
Примери:
Сум се разгаштил и не смеам ваков да излезам пред нив.
4. (се разгашти) Се држи распуштено, недисциплинирано.
Англиски: spoil Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Слабо работите, некако многу сте се разгаштиле.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи