а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разбере

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Сфати смисла, содржина, значење на нешто.
Англиски: comprehend Албански: kuptoj
Примери:
Не можеше да разбере ниеден збор.
Ништо не разбирам.
Разбра?
2. Добие определено мислење за нешто, прецени.
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Можеби згрешив, но јас така го разбрав неговото држење.
3. Сподели чувства, мисли, желби со некого.
Англиски: realize Албански: realizoj
Примери:
Го разбрав, но не можев да му помогнам.
Единствено тој ме разбра.
4. Узнае мисли, намери, погледи, зборови, постапки на некого.
Англиски: hear Албански: dëgjoj, mësoj
Примери:
Разбрав дека сте биле вчера на излет.
Разбрав што си зборувал на состанокот.
5. Добие информации за некого, узнае каде е и како е некој.
Англиски: understand Албански: kuptoj, mësoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Не сум разбрал ништо за неа.
Тогаш ја разбрале оти била самовила.
6. сети, узнае
Англиски: understand Албански: kuptoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Што се тоа две години, не ни разбрав кога минале.
7. Сети задоволство од нешто.
Англиски: experience Албански: përjetoj
Примери:
Ништо не разбра од младоста.
8. (се разбере) Заемно постигне разбирање.
Англиски: agree Албански: pranoj
Примери:
Добро се разбраа.
9. (се разбере) (само во 3 л. едн.) - Стане јасно, очигледно.
Англиски: reveal Албански: zbuloj
Примери:
После се разбра дека тој бил таму.
10. (се разбере) се разуми
Англиски: reason Албански: mendoj, gjykoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Разбери се веќе еднаш.
11. (се разбере) Се спогоди, се согласи со некого.
Англиски: agree Албански: pranoj
Примери:
Како пријатели тие лесно ќе се разберат.
12. собере (од разни страни)
Англиски: gather Албански: grumbulloj
Употреба: Народна поезија
Примери:
После ги разбрале сите свои луѓе, гости сториле за три недели.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи