а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

радост

мн. радости
Вид збор: Именка, женски род
1. Чувство на задоволство, драгост.
Англиски: joy Албански: gëzim
Примери:
Не знаеше што да прави од радост.
Излета од радост.
Плачеше од радост.
Со голема, со неискажана радост.
2. Настан, предмет што покажуваат задоволство, среќа.
Англиски: celebration Албански: gëzim
Примери:
Денеска имаме радост во куќата: ни се роди син.
Честита (нека ви е) радоста!
3. Обично со некоја заменка - нежно обраќање.
Англиски: darling Албански: gëzim
Примери:
Среќни сме со тебе, наша радост.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи