а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

работи

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се занимава, врши некоја работа, се труди.
Англиски: work Српски: радити Албански: punoj Бугарски: работя
Употреба: Економија
Примери:
Секој мора нешто да работи.
Стар е, не може веќе да работи.
Работи дење и ноќе.
Работи со задоволство.
Работи ударнички.
Работи како мравка (коњ, вол).
Работи над себеси.
Работи на своја рака.
2. Има некаде некое занимање, на служба е, служи; практикува некаква професија, исполнува некаква должност.
Англиски: practise Албански: vepron
Употреба: Економија
Примери:
Кај работи татко ти?
Работи во пивара.
Татко му работел како ѕидар во Романија.
Работеше мајсторлак.
Работи како претседател на друштвото.
3. Вложува напори, се стреми, се усовршува, изучува нешто; систематски обучува, воспитува.
Англиски: toil Албански: përpiqet
Примери:
Работи на своето издигање.
Полни пет години работеше над својата докторска дисертација.
Работи на првиот том на речникот.
Работи со деца, со спортисти.
4. Дејствува во корист на некого, се труди за друг.
Англиски: work
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел живот работеше за нив, за газдите.
Времето работи за него.
5. Развива дејност со некаква цел.
Англиски: work
Употреба: Екологија , Преносно значење
Примери:
Во 1941 год. работеше во Македонија илегално.
6. Во процесот на работата користи нешто како помагало, инструмент.
Англиски: use Албански: përdor
Примери:
Работи со микроскоп.
Работи со речник.
7. За машини, механизми, инсталации - се наоѓа во дејство; за претпријатијата, установи - се наоѓа во дејство, отворен е за посетители; дејствува на овој или оној начин; за органи на телото - ја исполнува својата задача.
Англиски: function Албански: funksion
Примери:
Сите мотори работеа добро.
Телефонот не работеше.
Часовникот работи точно.
Фабриката работи во три смени со полн капацитет.
Бањата не работи.
Музејот не работи.
Работи на нафта.
Желудникот добро ми работи.
Срцето одвај му работеше.
8. Обработува земја.
Англиски: till Албански: lëroj
Употреба: Земјоделство
Примери:
Старите уште ги работат нивјето.
9. изработува, произведува
Англиски: produce Албански: prodhon
Употреба: Економија
Примери:
Кој ги работеше овие чевли?
Се гледа дека мајстор ги работел.
10. Прави зделки, економски функционира.
Англиски: function
Употреба: Економија
Примери:
Претпријатието сега работи добро.
11. (се работи) Се врши нешто.
Англиски: perform Албански: kryej
Употреба: Безлично
Примери:
Сега се работи на изградбата на покривот.
12. (се работи) Насочи, дејствува кон.
Англиски: subject
Употреба: Безлично , Разговорно
Примери:
Се работи за живот.
Се работи за тоа и тоа.
13. (се работи) - Ми се работи (желба да се врши нешто).
Англиски: desire Албански: dëshiron
Употреба: Безлично
Примери:
Не ми се работи веќе.
Изрази
(посл.) Залудо работи, залудо не седи.
(разг.) Среќата (касметот) му работи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи