а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пцовиса

пцовисаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За животно умре.
Англиски: die Албански: cof, ngordh
Примери:
Пцовисало магарето.
Сиротото куче пцовисало во ендекот.
Сиот добиток ќе пцовиса.
2. За човек - умре недостојно, како животно.
Англиски: croak Албански: cof
Употреба: Груб збор , Преносно значење
Примери:
Богатиот скржавец пцовисал.
Пцовисала старата вештерка.
Изрази
На комшијата да му пцовиса магарето - завист кон блиските на кои им оди подобро работата.
Изведенки
1. пцовисува несв.
пцовисуваат
2. пцовисување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи