а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пупка

мн. пупки
Вид збор: Именка, женски род
1. Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња.
Англиски: bud Албански: burbuqe, gonxhe
Употреба: Ботаника
Примери:
Млада е како пупка на цвеќе.
пупка од трендафил
2. Дојка, брадавица на цицка.
Англиски: nipple Албански: thith, gji
Употреба: Анатомија
Примери:
Под тенката блуза ѝ се гледаа пупките.
3. Мало округло обредно лепче, обично за раздавање на гробишта.
Албански: lloj buke
Употреба: Црковен термин
Примери:
Испече пупки за раздавање.
4. испупчено место
Англиски: nap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пупки врз површината на гумата.
Изведенки
пупче ср.
мн. пупчиња
дем.
Пример: пупчиња од трендафил
FlexiMac
 менување на македонски глаголи